Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации

Category: Uncategorized

Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи родово сензитивно буџетирање

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесот на родова интеграција во јавните политики воопшто и поконкретно во јавните буџети. Се состои од три дела: основни родови концепти и поими, родова интеграција во политиките и програмите на локално ниво и родово одговорно буџетирање.

Курсот „Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи и родово сензитивно буџетирање“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесите на креирање јавни политики воопшто и поконкретно, моделот и праксата на креирање јавни политики во Република Македонија. Поаѓа од основните дефиниции на терминот јавна политика, преку процесот и циклусот на креирање јавни политики во државата, начелата кон кои треба да се придржуваат политиките, како и дефинирањето и определувањето на инструментите, чинителите и засегнатите групи во процесот.

Курсот „Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика
Социјално претприемништво

Овој курс содржи видео материјали, студии на случаеви од четири европски земји.

  1. Студија на случај – Италија

Ефрем е италијанска компанија која обезбедува обука и експертиза за меѓународни проекти за соработка и развој, особено во областа на одржливата енергија.

  1. Студија на случај – Белгија

Вила Клементина е инклузивна предучилишна служба со седиште во прекрасна куќа и подеднакво служи за деца со и без попреченост.

Видеото, нуди широка дискусија за создавањето и развојот на идејата за социјално претпријатие, како и за неговата имплементација благодарение на интердисциплинарен тим.

  1. Студија на случај – Шкотска

Со седиште во Единбург, Ре–Унион обезбедува услуги за брод над каналите, со што се обезбедува вработување и исто така можност за заедницата да го живее и ужива овој пејзаж.

  1. Студија на случај – Шпанија

Динамија е социјална кооперација со седиште во Мадрид, активна во консултации за социјални, економски и образовни проекти во Шпанија и во Латинска Америка.

За да ги следите курсевите на оваа платформата потребно е претходно да се регистрирате.

Оваа онлајн платформа е изработена со финансиска поддршка од Европската унија. За нејзината содржина одговара само авторот МИР Фондација и истата не ги изразува гледиштата на Европската унија.