Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации

Category: Edu

Иновациски менаџмент

Курс за иновациски менаџмент.

Овој курс содржи видео материјали (обуки), вежби и квизови.

Темите кои се обработени се:
1. За креативноста
2. За иновативноста
3. Градење и селекција на идеи
4. Иновативност во организациите
5. Иновациски процес
6. Развој на нови и иновативни производи
7. Заштита на интелектуална сопственост
8. Важноста на иновациите за националните економии
9. Иновациски модели
10. Иновативност на национално ниво

За да ги следите курсевите на оваа платформата потребно е претходно да се регистрирате.

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесот на родова интеграција во јавните политики воопшто и поконкретно во јавните буџети. Се состои од три дела: основни родови концепти и поими, родова интеграција во политиките и програмите на локално ниво и родово одговорно буџетирање.

Курсот „Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи и родово сензитивно буџетирање“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи родово сензитивно буџетирање
Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесите на креирање јавни политики воопшто и поконкретно, моделот и праксата на креирање јавни политики во Република Македонија. Поаѓа од основните дефиниции на терминот јавна политика, преку процесот и циклусот на креирање јавни политики во државата, начелата кон кои треба да се придржуваат политиките, како и дефинирањето и определувањето на инструментите, чинителите и засегнатите групи во процесот.

Курсот „Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Курсот „Креирање на младински политики“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики“ финансиран од Европската Унија. Тој содржи видео материјали, вежби, квизови и корисни линкови за тематиките кои се обработени.

Содржината е поделена во 10 модули на следните теми:

1. За општеството, демократијата, политиката и младите

2.Младинските политики и нивните цели

3. Младински процеси, актери и правни регулативи

4. Индикатори и стандарди за квалитет на младински политики

5. Јавно застапување и лобирање

6. Циклус на младински политики

7. Методологија за истражување на младински политики

8. Процес на креирање младински политики

9. Мониторинг и евалуација на младински политики

10. Успешни примери од Европа и Македонија

За да ги следите курсевите на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

 

Креирање на младински политики
Оваа онлајн платформа е изработена со финансиска поддршка од Европската унија. За нејзината содржина одговара само авторот МИР Фондација и истата не ги изразува гледиштата на Европската унија.