Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесите на креирање јавни политики воопшто и поконкретно, моделот и праксата на креирање јавни политики во Република Македонија. Поаѓа од основните дефиниции на терминот јавна политика, преку процесот и циклусот на креирање јавни политики во државата, начелата кон кои треба да се придржуваат политиките, како и дефинирањето и определувањето на инструментите, чинителите и засегнатите групи во процесот.

Курсот „Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.