Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесот на родова интеграција во јавните политики воопшто и поконкретно во јавните буџети. Се состои од три дела: основни родови концепти и поими, родова интеграција во политиките и програмите на локално ниво и родово одговорно буџетирање.

Курсот „Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи и родово сензитивно буџетирање“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.