Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации

Курсеви

КУРСЕВИ

The Circular economy course program aims to introduce the circular economy in the business sector, focusing on the benefits from the concept, and its influence on the business development, environment and job creation, and will propose key steps in its implementation, so that CSOs can work closely with different types of SMEs and help them recognise and implement circular economy in their business models. The online course is part of the project “Partnership for circular economy – sustainable SMEs growth and regional development”, supported by the Western Balkans Fund, implemented by YES Foundation (Macedonia), ASET (Albania) and INTERA (Bosnia and Herzegovina).

The course program includes 5 modules:

Module 1: Economic gap between rich and poor countries

Module 2: Linear economy vs. circular economy

Module 3: Sustainable SMEs development and regional development

Module 4: Factors for change towards circular economy – Consumers, citizens and public sector

Module 5: Business models

Please register, to be able to follow the course on the e-platform.

Курсот „Почнување бизнис и социјално претприемништво“ е креиран во состав на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, поддржан од Амбасадата на САД. Тој содржи видео материјали, вежби и корисни линкови за тематиките кои се обработени.

Содржината е поделена во 9 модули на следните теми:
1. Претприемништво
2. Социјално претприемништво
3. Бизнис идеја
4. Визија
5. Лидерство и менаџмент
6. Бизнис план
7. Брендирање
8. Менаџмент на човечки ресурси
9. Процес на работа

За да ги следите курсевите на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Почнување бизнис и социјално претприемништво
Онлајн курс за интелектуална сопственост

 

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на компании кои сакаат да ги унапредат своите знаења во пет модули:

Модул 1 – Комерцијализација на интелектуалната сопственост

Модул 2 – Договори за интелектуална сопственост

Модул 3 – Договори за неоткривање (доверливост)

Модул 4 – Лиценцирање технологија

Модул 5 – Управување на интелектуалната сопственост при отворените иновации

 

Овој онлајн курс е дел од активностите на проектот ,,Промовирање на соработката меѓу истражувачките организации и бизнис секторот преку градење капацитети за трансфер на технологии”, кофинансиран од Министерство за економија на Република Северна Македонија и Enterprise Europe Network во Македонија. Проектот е имплементиран  од Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Курс за иновациски менаџмент.

Овој курс содржи видео материјали (обуки), вежби и квизови.

Темите кои се обработени се:
1. За креативноста
2. За иновативноста
3. Градење и селекција на идеи
4. Иновативност во организациите
5. Иновациски процес
6. Развој на нови и иновативни производи
7. Заштита на интелектуална сопственост
8. Важноста на иновациите за националните економии
9. Иновациски модели
10. Иновативност на национално ниво

За да ги следите курсевите на оваа платформата потребно е претходно да се регистрирате.

Иновациски менаџмент
Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи родово сензитивно буџетирање

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесот на родова интеграција во јавните политики воопшто и поконкретно во јавните буџети. Се состои од три дела: основни родови концепти и поими, родова интеграција во политиките и програмите на локално ниво и родово одговорно буџетирање.

Курсот „Развој на родово сензитивни политики вклучувајќи и родово сензитивно буџетирање“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да се запознаат со процесите на креирање јавни политики воопшто и поконкретно, моделот и праксата на креирање јавни политики во Република Македонија. Поаѓа од основните дефиниции на терминот јавна политика, преку процесот и циклусот на креирање јавни политики во државата, начелата кон кои треба да се придржуваат политиките, како и дефинирањето и определувањето на инструментите, чинителите и засегнатите групи во процесот.

Курсот „Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – координатор на проектот во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

Придонес во развојот и следењето на спроведувањето на јавната политика
Креирање на младински политики

Курсот „Креирање на младински политики“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики“ финансиран од Европската Унија. Тој содржи видео материјали, вежби, квизови и корисни линкови за тематиките кои се обработени.

Содржината е поделена во 10 модули на следните теми:

1. За општеството, демократијата, политиката и младите

2.Младинските политики и нивните цели

3. Младински процеси, актери и правни регулативи

4. Индикатори и стандарди за квалитет на младински политики

5. Јавно застапување и лобирање

6. Циклус на младински политики

7. Методологија за истражување на младински политики

8. Процес на креирање младински политики

9. Мониторинг и евалуација на младински политики

10. Успешни примери од Европа и Македонија

За да ги следите курсевите на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.

 

Овој курс содржи видео материјали, студии на случаеви од четири европски земји.

  1. Студија на случај – Италија

Ефрем е италијанска компанија која обезбедува обука и експертиза за меѓународни проекти за соработка и развој, особено во областа на одржливата енергија.

  1. Студија на случај – Белгија

Вила Клементина е инклузивна предучилишна служба со седиште во прекрасна куќа и подеднакво служи за деца со и без попреченост.

Видеото, нуди широка дискусија за создавањето и развојот на идејата за социјално претпријатие, како и за неговата имплементација благодарение на интердисциплинарен тим.

  1. Студија на случај – Шкотска

Со седиште во Единбург, Ре–Унион обезбедува услуги за брод над каналите, со што се обезбедува вработување и исто така можност за заедницата да го живее и ужива овој пејзаж.

  1. Студија на случај – Шпанија

Динамија е социјална кооперација со седиште во Мадрид, активна во консултации за социјални, економски и образовни проекти во Шпанија и во Латинска Америка.

За да ги следите курсевите на оваа платформата потребно е претходно да се регистрирате.

Социјално претприемништво
Оваа онлајн платформа е изработена со финансиска поддршка од Европската унија. За нејзината содржина одговара само авторот МИР Фондација и истата не ги изразува гледиштата на Европската унија.