Курсот „Креирање на младински политики“ е креиран во состав на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики“ финансиран од Европската Унија. Тој содржи видео материјали, вежби, квизови и корисни линкови за тематиките кои се обработени.

Содржината е поделена во 10 модули на следните теми:

1. За општеството, демократијата, политиката и младите

2.Младинските политики и нивните цели

3. Младински процеси, актери и правни регулативи

4. Индикатори и стандарди за квалитет на младински политики

5. Јавно застапување и лобирање

6. Циклус на младински политики

7. Методологија за истражување на младински политики

8. Процес на креирање младински политики

9. Мониторинг и евалуација на младински политики

10. Успешни примери од Европа и Македонија

За да ги следите курсевите на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.