Онлајн курсот за финансирање иновации за мали и средни претпријатија (МСП) обезбедува информации за значењето на процесот на финансирање на иновациските активности на компаниите и дава преглед на изворите на финансирање, внатрешни и надворешни, како и на програмите, мерките, инструментите и финансиските инструменти што им се на располагање на македонските претпријатија.

Овој онлајн курс е дел од активностите на проектот ,,Enterprise Europe Network во Македонија”. Проектот е имплементиран од Фондација за менаџмент и индустриско истражување. Финансиите играат клучна улога во развојот на иновациите, бидејќи им овозможуваат на компаниите да спроведуваат истражувања, да ги усвојат потребните технологии за иновациска дејност, како и да ги развијат и да ги комерцијализираат иновациите.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате.