За платформата

Оваа едукативна платформа има за цел да придонесе кон зголемувањето на конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија, обезбедувајќи можности за нивна онлајн едукација на релевантни теми од областа на претприемништвото, иновациите, индустриската политика и циркуларната економија. Воедно, едукативните материјали се наменети за градење на капацитетите и на други чинители од претприемачкиот и иновацискиот екосистем, вклучувајќи граѓански организации, консултанти, обучувачи и студенти. Креирањето на платформата е поддржано од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации”, финансиран од Европската унија, во рамки на програмата ИПА за јакнење на конкурентноста на националната економија, а имплементиран од страна на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд од Бугарија.

Проектот се стреми да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси. Преку пакетот алатки понуден во рамки на проектот ќе се подобри конкурентноста на МСП и ќе се стимулираат нивните капацитети за преземање и реализација на иновациски проекти. Алатките креирани во рамките на проектот вклучуваат: онлајн курс за иновациски менаџмент со материјали за учење и мултимедија елементи; водич со основни aлатки за поддршка на иновации кај МСП; водич со можности за финансирање на иновации кај МСП; и прва мобилна апликација која ќе ги информира компаниите за понудата и побарувачка на иновативни технологии на светско ниво и олеснет трансфер на иновативни технологии.
Проектот ќе вклучи и градење на капацитетите за иновации и пристап до финансии преку пилотирање на онлајн курсот за иновациски менаџмент, обука за европската програма Хоризонт 2020 за компании, како и обуки за заштита на интелектуална сопственост. Како дел од проектот ќе бидат спроведена и национална медиумска кампања за промовирање на иновациската дејност проследена со доделување на национална награда за најдобрите иновативни компании (“Innovation Enterprise Award”).

„За да ги следите курсевите на оваа платформата потребно е претходно да се регистрирате”.

    [recaptcha]

    Покриеност со обуки

    Искористете ги нашите курсеви за да ги унапредите вашите иновациски капацитети, да стекнете знаење од различни области на претприемништвото и индустриската политика и да се поврзете со други корисници од различни организации во земјата. Регистрирајте се како корисник на платформата и пристапете до нашите бесплатни курсеви достапни на македонски јазик.

    Претприемништво

    75%

    Иновации

    83%

    Индустриска и иновациска политика

    90%

    Младински политики

    68%

    Проектот е имплементиран од: